Две студии во Велика Британијао покажуваат дека инфекциите со варијантата на коронавирусот Омикрон имаат помала веројатност да „испратат“ лице во болница отколку со варијантата Делта
Бројот на случаи на заразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата надмина 100 милиони во Северна и Јужна Америка, соопшти Панамериканската здравствена организација. Повеќе од половина од случаите се пријавени во САД (51 милион), а 22 милиона се откриени во Бразил
Светската здравствена организација се уште нема доволно податоци за новата варијанта на коронавирусот Омикрон за да објави дека е попреносливa од варијантата Делта, изјави денеска техничката шефица на СЗО за Ковид-19 Марија Ван Керкове.
Министерството за здравство на Русија регистрираше нов лек против Ковид-19, МИР-19, кој го изработи Медицинско-биолошката агенција, соопштија денеска претставници на институцијата.
Европската унија смета на САД и НАТО да се погрижат нејзините интереси да бидат застапени во разговорите со Русија за европската безбедност, изјави денеска министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.
ЕУ и Велика Британија се договорија како во наредната година ќе ги поделат рибните фондови со кои заеднички управуваат на одредени морски локации.
Советот за безбедност на ОН денеска едногласно усвои резолуција предложена од САД за олеснување на хуманитарната помош за Авганистан за една година, со надеж дека талибанците нема да ги искористат средствата за себе.
Украина денеска објави дека се пожалила до Европската комисија против Гаспром, обвинувајќи ја руската гасна компанија за создавање „вештачки недостиг на гас“ во Европа, што доведе до историски скок на цените.
Италијанската полиција, по низа инспекции низ земјата, открила повеќе од 300 вработени во здравствениот сектор кои ја прекршиле обврската за вакцинација против Ковид-19.
Русија и САД во јануари ќе го одржат првиот круг разговори за безбедносните гаранции, најави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.