Повеќе од 75 лица загинаа при експлозија на цистерна со гориво на Хаити, изјави претставникот на Министерството за здравство на таа земја, Лоре Адриен
Белоруски суд вчера изрече долги затворски казни за неколку критичари на режимот на претседателот Александар Лукашенко, меѓу кои и сопругот на опозициската лидерка Светлана Тихановскаја
Полските власти имаат намера да го покренат прашањето за реформирање на европскиот систем за тргување со квото за јаглеродни емисии на самитот на ЕУ на 16 декември. Ова денеска го изјави премиерот на Полска Матеуш Моравјецки.
Санкциите на ЕУ против цели поврзани со руската приватна воена структура „Вагнер“ се дел од „западната хистерија“. Тие ја поткопуваат независноста на африканските и блискоисточните земји, оцени денеска руското Министерство за надворешни работи.
Американските сенатори денеска треба да изгласаат зголемување на лимитот на државниот долг за 2.5 трилиони долари до отприлика 31.4 трилиони долари, за потоа предлог законот да биде преземен од Претставничкиот дом.
„Ниту едно од овие лица, ниту белорускиот народ, не заслужуваат да трпат таква тешка репресија“, се наведува во изјавата на државниот секретар Блинкен.
– Ги земав предвид скандалозните казни против Сергеј Тихановски и другите, изјави Аналена Бербок на прес-конференција за време на посетата на Стокхолм. „Тие се срам за владеењето на правото и меѓународните обврски на Белорусија, додаде таа.
Во меѓународните води на Гвинејскиот залив пирати нападнале грчки товарен брод и земале шестмина заложници, изјави денеска портпаролот на данската армија.
Во интервју за Асошиетед прес, како што пренесува Бета, Маријано Гроси рече дека му порачува на Техеран дека „нема шанси да се заобиколат“ инспекторите на МААЕ доколку Иран сака да биде „почитувана земја во заедницата на нациите“.
Европските полициски сили уапсиле 544 лица и заплениле голем број нелегални средства за допинг и фалсификувани лекови, вклучително и лажни лекови против Ковид-19, соопшти денеска Европол.