Шолц ја повика СПД да ја поддржи владата, избрано ново раководство на партијата
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги повика членовите на неговата Социјалдемократска партија (СПД) да ја поддржат новата владејачка коалиција, бидејќи, како што нагласи, ветувањата дадени за време на изборната кампања сега мора да се преточат во конкретна акција.