Што е засега познато за новата варијанта на коронавирусот – омикрон
Новиот сој на коронавирус, наречен омикрон, првпат беше идентификуван од јужноафрикански научници, но не е сигурно дека првпат се појавил во Јужна Африка. Засега е регистриран во Белгија, Боцвана, Хонг Конг и Израел. Тој засега не е евидентиран во Соединетите Американски Држави, објавија американските Центри за превенција и контрола на болести