Американската сојузна држава Калифорнија се искачи на четврто место на глобалната ранг-листа според номинален бруто-домашен производ (БДП) и ја надмина Јапонија, соопшти администрацијата на гувернерот Гевин Њусом.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон го осуди денешниот руски напад врз главниот град на Украина, истакнувајќи оти украинскиот претседател Володимир Зеленски не може да се согласи на примирје додека Русија продолжува со нападите.
Американската „Фокс Њуз“ вчера ги објави резултатите од својата последна анкета што покажува дека Доналд Трамп во моментов е најмалку популарниот американски претседател на 21 век во оваа фаза од неговиот мандат.
Кина денеска го лансираше вселенското летало „Шенжу-20“ со три лица до својата вселенска станица „Тијангонг“, во шестмесечна мисија.
Чешкиот премиер Петр Фијала, по рускиот напад на Киев, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не сака мир и го предупреди Западот дека единствениот пат за мир во Европа е преку силна воена помош за Украина.
Поранешен руски командант кој го критикуваше военото раководство на Москва во Украина е осуден на пет години затвор откако воениот суд го прогласи за виновен за измама од големи размери, пренесоа руските новински агенции.
Секоја трета жена во Јужна Кореја барем еднаш во животот доживеала физичко или сексуално насилство, според владиното истражување објавено денеска.
Од друга страна, во ЕУ се увезени стоки во износ од 202,4 милијарди евра, што е зголемување за 7,2 проценти во споредба со февруари 2024 година, кога увозот изнесуваше 188,8 милијарди евра.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Бруно Ретаљo, соопшти дека рано утринава е спроведена голема полициска акција во која се уапсени 21 лице, осомничени дека припаѓаат на организиран нарко-картел кој дејствува во Марсеј.