ЕУ под притисок да обезбеди повеќе воена помош за Украина, по неколкунеделно одложување
Според првичниот план, шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, се надеваше дека ќе мобилизира дури 40 милијарди евра воена помош за Украина оваа година, за да ја зајакне позицијата на Киев на бојното поле и во претстојните мировни преговори со Русија.