Експлозија за време на градска прослава на Филипините, има жртви
Бомба, која била скриена во торба, експлодирала денеска за време на градска прослава во јужниот дел на Филипините, при што загинало најмалку едно лице, а 35 се повредени, изјави воениот командант Сирилито Собеџана.