Оператор на урнатиот надвозник: Ги исполнивме договорните обврски
Италијанската компанија Аутостраде пер Л' Италија, оператор на мостот во близина на Џенова, при чие уривање загинаа 39 лица, денеска изрази уверување дека ќе докаже оти ги исполнила обврските од договорот за концесија за работа на тој мост.