Влегоа во сила американските санкции против Иран
Влезе во сила одлуката на САД одново да наложи санкции на Иран, кои беа повлечени по историскиот договор за нуклеарната програма на Техеран во 2015 година, јави ДПА. Во мај, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека официјален Вашингтон се повлекува од договорот.