Кандидатот на опозицијата ги отфрли резултатите од претседателските избори во Мали
Водечкиот опозициски кандидат за претседател на Мали, Сумајла Сисе, изјави дека ги отфрла резултатите од првиот круг на гласањето, според кои, треба да има втор круг меѓу него и сегашниот шеф на државата, Ибрахим Бубакар Кејта.