Нухоџиќ: Членството во НАТО покрај безбедносни гаранции, носи и голем економски бенефит
Македонија со приклучувањето во НАТО, покрај безбедносни гаранции, ќе има и голем економски бенефит. Тоа го покажа искуството на Црна Гора по влезот во Алијансата, порача црногорскиот министер за внатрешни работи Мевљудин Нухоџиќ по денешната средба во Охрид со неговиот македонски колега Оливер Спасовски.