Голем број училишта во Република Српска денеска се затворени откако синоќа добиле закани за поставени бомби
Се очекува новоизбраната влада денеска да ја одржи првата седница, а мандатарот Голоб да ја преземе премиерската функцијата што досега ја вршеше Јанез Јанша
Во Пловдив денеска ќе биде отворена 15. специјализирана меѓународна изложба за одбранбена техника и услуги „Хемус 2022 – одбрана, антитероризам и безбедност“, што ќе трае до 4 јуни во зградата на Меѓународниот саем во градот
Од денеска во Грција се укинува задолжителната маска во затворените простори, што воедно беше и последната и единствена Ковид мерка во земјата, откако на почетокот на мај беа укинати голем дел од рестрикциите, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања
Во косовската полиција денеска се предадени околу 100 кривични пријави за злосторства од страна на српските воени, полициски и паравоени сили во војната во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ја отфрли тезата на српскаат премиерка Ана Брнабиќ дека Хрватска е етнички исчистена држава, изјавувајќи дека претставници на националните малцинства седат во хрватската Влада и парламент.
Шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска, денеска на прес-конференција коментираше дека руската агресија создаде нова геополитичка реалност која ја загрозува не само безбедноста на балканскиот регион, туку и на Европа во целина.
Задолжителната маска во затворените простори во Грција од утре се укинува, а исклучок се болниците, домовите за стари лица и јавниот градски превоз, додека пак во текот на оваа седмица ќе се донесе одлука за протоколите за бродовите и траектите
Грција и Саудиска Арабија потпишаа начелен договор за проектот „East to Med data Corridor“, односно за подводен и копнен кабелски систем за пренос на податоци што ќе ги поврзе Европа и Азија, брифираат грчки дипломатски извори
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Народното собрание положи заклетва за втор, петгодишен претседателски мандат