Двајца заглавени на бродот, најмалку десет исчезнати и спасени над 270 лица од пожарот на траектот во близина на Крф
Две лица, возачи на камиони кои веројатно спиеле во гаражата на траектот сè уште се заглавени на бродот и во тек е акција за нивно спасување, најмалку десет лица се водат за исчезнати, а 277 патници и членови на екипажот се спасени и пренесени на Крф, по пожарот што избувна на траектот што сообраќал од Грција кон Италија, според информациите во грчките медиуми