Мицотакис: Владата ќе одвои 400 милиони евра за јануари за да го покрие покачувањето на струјата
За месец јануари ќе се издвојат дополнителни 400 милиони евра со кои ќе се покрие значителен дел од поскапувањата на сметките за струја, соопшти денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, најавувајќи владина помош и за овој месец како за домаќинствата и земјоделците, така и за бизнисите во справувањето со енергетската криза