Денешното рочиште требаше да се одржи на 26 ноември, но беше одложено поради официјалниот престој на Додик во Австрија.
Банкарските кредити, главен фактор што придонесува за растот на цените, се зголемија за 36 отсто на годишно ниво. До крајот на септември банките во Бугарија обезбедија кредити еднакви на целиот обем за 2023 година.
Покраинскиот пратеник на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) воп Србија, Радивоје Јововиќ е уапсен во текот на ноќта, а утрово обвинителот предложил притвор до 30 дена, јавија српски медиуми.
Црна Гора во првите десет месеци од годинава увезла стоки во вредност од 3,4 милијарди, а извезла седум пати помалку.
Од 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора, 28 од нив во ноември добиле над 2.000 евра, покажуваат последните податоци објавени на официјалната веб-страница на Собранието на Црна Гора, јавија црногорските медиуми.
Пленковиќ пред новинарите во Загреб рече дека Приморац е обединувачки претседател и дека, со оглед на поларизираната ситуација во хрватското општество, ова е клучната порака што тој ја испраќа.
Неуспешен беше и деветтиот обид за избор на претседател на бугарското Народно собрание. Пратениците и денеска гласаа за Силви Кирилов од ИТН и Наталија Киселова од БСП. Сепак, никој од нив не ја доби потребната поддршка.
„Таков закон би можел да го ограничи просторот за делување на граѓанското општество, да ги стигматизира организациите кои работат за подобрување на животот на граѓаните и да го попречи функционирањето на независните медиуми“, стои во изјавата.
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека имал „продуктивна средба“ со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ доби оценка 1,33, а младите имаат најмалку доверба во претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ, која доби просечна оценка 1,24.