Циодрас: Со вакцинацијата избегнавме 8.400 смртни случаи во Грција од Ковид-19
Процените се дека со вакцината, до 11 октомври избегнавме околу 8.400 смртни случаи. Ова, практично, значи дека без вакцинацијата ќе имавме 8.400 смртни случаи повеќе, истакна професорот епидемиолог и член на Комисијата на експерти во Министерството за здравство на Грција, Сотирис Циодрас, соопштувајќи ги резултатите од анализата на програмата за вакцинација во земјата