Како што јави дописникот на МИА од Софија, за посети на кина, театри, галерии, трговски центри, хотели, базени, фитнес центри и спортски сали ќе биде потребен зелен сертификат.
Членот на Претседателството на БиХ, Додик најави и дека веднаш ќе формира своја армија и сите други агенции што ќе бидат еквивалентни на сегашните на државно ниво.
Како што изјави Шкодриќ за ТВ Прва, Србија е прва во Европа што потпишала договор за купување на лекот Молнупиравир и додаде дека се очекува тој да биде регистриран во декември од Американската агенција за лекови, по што се очекува одобрување во Европа и Србија.
Тој додаде дека Грција го поздравува договорот меѓу Белград и Приштина, а Атина целосно ја поддржува работата на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак.
Вкупните инвестиции на странски државјани и компании во Црна Гора во периодот од јануари до август годинава изнесуваат 524,44 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Централната банка на Црна Гора
Европската комисија ќе препорача отворање на поглавјата 3 (Конкурентност и раст) и 4 (Зелена агенда и одржлива поврзаност) во рамките на Годишниот извештај за Србија, кој се очекува да биде претставен во Стразбур во рамките на Пакетот за проширување за 2021 година, кој вклучува извештаи од Европската комисија за земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во Европската унија
Тензиите и недовербата меѓу политичките актери го одбележаа периодот опфатен со извештајот поврзан со политичките критериуми, се вели во Извештајот за напредокот на Црна Гора
Во Бугарија има 4979 новозаразени со Ковид-19, според податоците во Националниот информативен систем
Хрватска доби поддршка од голем број земји-членки на ЕУ за нејзиниот став дека Унијата треба да посвети поголемо внимание на Западен Балкан и потребата од изборни реформи во БиХ за да се елиминираат сите форми на дискриминација, изјави хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман
Во морскиот дел во Источниот Медитеран, југоисточно од грчките острови Крит и Карпатос, утрово беше регистриран земјотрес со јачина од 6,1 степен