Состанок на ЕУМЕД-9 во Атина со учество на девет медитерански земји и претседателката на ЕК
Со учество на претседателите на Франција и на Кипар, премиерите на Шпанија, Хрватска, Словенија, Италија, Малта, министерот за надворешни работи на Португалија и домаќинот Грција, како и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, денеска во Атина ќе се одржи самит на групата ЕУМЕД-9, јави дописничката на МИА од Атина.