Грција од утре го укинува задолжителното носење маски на отворено
Грчкиот заменик министер за цивилна заштита, Никос Хардаљас, денеска соопшти дека од утре, во 5 часот наутро, се укинува мерката за задолжително носење маска на отворено. Препораката е маските, сепак, да се носат на места што, иако се на отворено, во нив има турканици. Во затворен простор препораката за задолжително носење и натаму важи.