Комисија за вакцинација во Грција препорачува Астра Зенека да се користи за лица на над 60-годишна возраст
Поради подобрената епидемиолошка слика во земјата и доволниот број вакцини, Националната комисија за вакцинација на Грција, препорачува вакцината на Астра Зенека да се користи за лица на над 60-годишна возраст, наместо над 30 како што беше досега, јави дописничката на МИА од Атина.