Лајчак убеден дека 2021-ва ќе биде добра за односите ЕУ-Западен Балкан, Палмер очекува меѓусебно признавање на Косово и Србија
Специјалниот пратеник на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак смета дека 2021-ва ќе биде „добра година за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан“, додека заменикот помошник државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Метју Палмер очекува дијалогот меѓу Косово и Србија да заврши со меѓусебно признавање на двете држави