Рама најави олеснувања на анти-ковид мерките, но не ја коментираше одлуката на САД за Бериша
Албанскиот премиер Еди Рама од плоштадот „Скендербег“,во Тирана, каде одблиску го следеше процесот на вакцинацијата на транспортните работници, што почна денеска, најави големи олеснувања на мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.