Целосно вакцинирано 12 отсто од населението во Грција
Од 3.740.000 вакцинации спроведени во Грција од почетокот на процесот на имунизација, речиси два и пол милиони граѓани се вакцинирани со првата доза, односни 23,7 отсто од населението, а над 1.245.000 се ревакцинирани, што е 12 отсто од популацијата, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на МИА од Атина.