Косовската опозиција бара разрешување на министерката за надворешни работи
Најголемата косовска опозициска партија, Демократската партија на Косово (ПДК), вели дека министерката за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала-Шварц „ги навредува борбата на Ослободителната војска на Косово, загинатите во борбата за слобода и независност и сите силувани жени во војната“, поради што бара од премиерот Албин Курти веднаш да ја разреши од функцијата