Кавачкиот клан му подготвувал убиство на црногорскиот вицепремиер Абазовиќ
Засилена е безбедноста на црногорскиот вицепремиер, Дритан Абазовиќ, бидејќи постојат индиции дека припадници на криминалниот Кавачки клан се подготвувале да го ликвидираат, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, образложувајќи дека таквите информации се добиени со преземање мерки и активности за расчистување на убиството на Зоран Ашанин, кое се случи влера во градот Мојковац.