Грција ќе ги чека одлуките на ЕМА за имунизација со вакцината на Џонсон и Џонсон
Ги очекуваме одлуките и на Европската агенција за лекови и на Националната комисија за вакцинација, за да започне имунизацијата и со вакцината на Џонсон и Џонсон, а веројатно тоа ќе биде во текот на мај, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистиклеус, денешната редовна прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.