Целосно вакцинирани 6,3 отсто од Грците, првата доза ја примиле 11,56 проценти
Вкупно 1.847.000 вакцинации се спроведени досега во Грција, од кои 1,2 милиони граѓани, односно 11,56 отсто ја примиле првата доза, а 663.000 Грци или 6,31 отсто се целосно имунизирани со двете дози, соопшти попладнево генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на редовната прес конференција за процесот на имунизација во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.