Истражување: Шест партии ќе влезат во новиот бугарски парламент
Четири дена пред парламентарните избори во Бугарија, според студијата на влијателната социолошка агенција „Алфа Рисрч“ и приватната национална телевизија бТВ, шест партии ќе влезат во Националното собрание – владејачката ГЕРБ, најголемата опозициска БСП , партијата на шоуменот и тв водител Слави Трифонов „Има таков народ“, ДПС, „Демократска Бугарија“ и „Исправи се! Излези!“ на поранешниот народен правобранител на Бугарија, Маја Манолова, јави дописникот на МИА од Софија.