Кикиљас: До мај ќе бидат вакцинирани сите граѓани над 60 години
Имаме вакцини, сè уште не е посакуваната количина, но стигнуваме до еден милион вакцинации, или 1.750.000 вакцинации ќе има до крајот на март, а сите наши сограѓани постари од 60 години ќе бидат вакцинирани во текот на мај, вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за радиото, „РеалФМ“, јави дописничката на МИА од Атина.