Прва беседа на српскиот патријарх Порфириј: Хрватска е мојата втора татковина
Во првата беседа по интронизацијата во Соборната црква во Белград, новиот поглавар на Српската православна црква, патријархот Порфириј, кажа дека неговата патријархална служба нема да оди по патиштата на парцијални интереси, ниту пак ќе содржи елементи на современa партизација и парцијалното бавење со политиката, туку ќе настојува да го негува соборниот дух, јави дописникот на МИА од Белград.