Берош: Во Хрватска откриена мутација на коронавирусот, но засега не се знае од кој сој
Хрватскиот министер за здравство Вили Берош денеска информира дека една од можните мутации, која има својства не само на онаа откриена во Бразил, туку и на варијантите откриени првпат во Велика Британија, и ЈАР, била откриена во институтот Руџер Бошковиќ, а резултатите од секвенционирањето на целиот геном ќе бидат познати за една недела.