Снегот во Атина почна да се топи, проблемите останаа
Поради пад на над 800 дрвја врз кабли на грчката електродистрибуција, според процените во грчките медиуми, околу 250.000 домаќинства во областа Атика, особено во северниот дел, имаат проблеми со струјата, а надлежните утрово рекоа дека до вечер ќе се санираат дефектите во снабдувањето со електрична енергија