„Филиа Форум“ во Атина, со учество на МНР на Грција, Египет, ОАЕ, Кипар, Бахреин и Саудиска Арабија
Со нашата денешна средба поставуваме уште еден дополнителен темел за консолидација на мирот, пријателството и просперитетот во поширокиот регион, од Медитеранот до Заливот, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, на прес конференцијата по првиот форум „Филиа“ (пријателство) што се одржува во Атина со учество на шефовите на дипломатиите на Египет, ОАЕ, Кипар, Бахреин, Саудиска Арабија и домаќинот Грција