За десет години Албанија ја напуштиле 600 илјади албански граѓани или за три децении 1,6 милиона
Албанскиот државен Институт за статистика, ИНСТАТ, објави дека бројот на албанските граѓани кои живеат надвор од земјата, на крајот на 2020 година достигнал 1,6 милиони, наспроти 1,08 милиони колку што биле според пописот во 2011 година, односно околу 600 илјади лица повеќе