Австриската енергетска компанија ОМВ ја објави својата намера да го продаде словенечкиот дел од компанијата, како дел од оптимизацијата и преструктуирањето на деловните активности, јавија словенечките медиуми
Портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану и алтернативната владина портпаролка Аристотелиа Пелони, демантираат дека министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, за време на средбата со неговиот грчки колега Никос Дендиас на крајот од октомври предложил ко-производство со Грција на руската вакцина
Европската централна банка ќе продолжи да обезбедува износи во евра доколку е потребно за неколку држави надвор од еврозоната до март 2022 година, јави Бугарското национално радио
Православната црква во Романија се најде под голем притисок да го смени начинот на крштевање откако бебе почина по церемонијата што вклучува три пати потопување на дете во света вода
Долгата транзиција на власта по парламентарните избори во август придонесе за доцнењето на вакцините во Црна Гора, изјави претседателката на Сојузот на лекари Милена Поповиќ Самарџиќ
Претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово Мирослав Лајчак изјави дека ќе претстави планови за дијалог меѓу двете страни пред претставниците на ЕУ во следните недели и посочи дека има силна поддршка од сите земји-членки на ЕУ
Јавниот долг на Србија на крајот на 2020 година изнесувал 26,66 милијарди евра, што е 56,8 проценти од бруто домашниот производ (БДП), соопшти Министерството за финансии
Воведување полициски час од 18 наместо од 21 часот за викендите во Атина и префрлање на Солун во црвената зона со построги рестрикции се дел од мерките што се споменуваат во Грција, а би можеле да се воведат од утре, доколку ваква препорака донесе Комисијата на епидемиолози на денешниот состанок
Новиот земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала вчера дополнително активираше многу одрони во Банија, а дупките што се појавија во земјата по секој земјотрес стануваат се поголеми.
Српскиот член и претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик денеска беше сослушан во Обвинителството на САД во својство на сведок за предметот „икона“.