Тарандилис: Сертификатот за вакцинација нема да биде наметнат за патување, туку целта е да ја намали бирократијата
Сертификатот за вакцинација е за лицата кои сакаат да имаат потврда и да покаже дека е вакциниран и веројатно да не мора да прави тест, а со тоа да се намали бирократијата при патувањата, рече портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на предлогот на Грција, ЕУ да воведе сертификат за вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина.