Нацрт сертификатот за вакцинацијата што Мицотакис го испрати до ЕУ
Лични податоци, податоци за примената вакцина, како и QR код содржи нацрт сертификатот изработен од надлежните грчки власти, што премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис денеска го испрати заедно со дописот до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, но и до шефовите на државите на Унијата, јави дописничката на МИА од Атина.