Хан: Претседателството на БиХ треба да продолжи со реформските процеси
Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик и членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ го примија еврокомесарот Јоханес Хан, при што изразија задоволство од посетата на високо ниво, што, како што јавија локалните медиуми, сведочи за посветеноста на европската перспектива на БиХ.