Вучиќ: Опозицијата да каже дали сака избори или мојата глава
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „опозицијата конечно треба да му каже на народот што сака, дали избори или неговата глава“, и порача да кажат дека ја сакаат неговата глава, бидејќи, како што рече, „поинаку не можат да победат и да дојдат на власт“, објави весникот Српски телеграф во денешното издание.