Мустафа до Тачи: Коригирај ги меѓите на твоите ниви, не ги допирај границите на Косово
Поранешниот премиер и актуелен лидер на најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа, му порача на претседателот Хашим Тачи дека „може да ги коригира само меѓите на своите ниви, ама никако границите на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.