Курти му кажал на американскиот амбасадор зошто Косово не треба да ја укине таксaта кон Србија
Лидерот на опозициското Движење Самоопределување (ВВ), Албин Курти, се сретна денеска со амбасадорот на САД во Приштина, Филип Коснет, кому, како што соопшти ВВ, му ги изнел аргументите зошто Косово не треба да ја укине таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и БиХ, јави дописникот на МИА од Приштина.