Спираки: Нова демократија нема да гласа за ратификација на протоколот за членство во НАТО
За ратификацијата на протоколот за членство во НАТО, Нова демократија ќе го стори истото што го направи и при процесот за ратификација на Договорот, бидејќи сметаме дека е лош договор и не е во корист на националните интереси, рече Мариа Спираки, портпаролката на најголемата грчката опозициска партија на денешниот брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.