Мицотакис: Ја разбирам огорченоста од Договорот од Преспа, но ние сме против затворени училишта
Нова демократија беше, е и секогаш ќе биде против каков било облик на опсади, вели претседателот на најголемата грчка опозициска партија, Кирјакос Мицотакис во однос на мобилизацијата на учениците во Северна Грција и опсадите во средните училишта поради Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.