Србија со Буџетот за 2019 предвидува раст на БДП од 3,5 отсто и инфлација од 2,3 проценти
Српскиот министер за финансии Синиша Мали, претставувајќи го денеска пред пратениците во српското Собрание буџетот за 2019 година, изјави дека тој има „социјален аспект кој е поврзан со зголемување на животниот стандард, со зголемување на платтите и пензиите и со рекордни издвојувања за капитални инвестиции кои ќе го стимулираат натамошниот раст на БДП“.