Секретарката на Оливер Ивановиќ приведена на распит во полиција
Косовската полиција денеска ја приведе на информативен разговор Силвана Арсовиќ, секретарка на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), чиј лидер беше Оливер Ивановиќ, кој беше убиен во јануари годинава во северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.