Мицотакис: До крајот на 2025 година во Атина ќе сообраќаат 900 нови електрични автобуси
Врз основа на програмата на Министерството за транспорт, во Атина, до крајот на 2025 година ќе сообраќаат вкупно 900 нови автобуси, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при неговата посета на гаражата со автобуси од јавниот превоз, јави дописничката на МИА од Атина.