Дрвјата во грчкиот град Лариса „облечени“ со јакни за помош на ранливи групи граѓани
Група граѓани, организирани од директор на едно училиште и новинар, преку социјалните мрежи синоќа организираа акција во грчкиот град Лариса за помош на ранливите групи граѓани, но и за затворениците од Лариса, во пресрет на зимата. Следејќи го светскиот пример, граѓаните, на дрвјата на централниот градски плоштад оставија јакни за оние на кои им се потребни.