Одлуката на Интерпол е разочарувачка за САД и за Велика Британија, Русија испрати честитки
Амбасадите на САД во Белград и на Велика Британија во Приштина, оценија дека одлуката Косово да не се прими во Интерпол е разочарувачка, додека амбасадорот на Русија, Александар Чепурин му честиташе на српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, за „одличната работа во Дубаи“.