Рече дека презема целосна одговорност за точноста на резултатите бидејќи пописот „произвел точна статистика за населението и домаќинствата, во согласност со новите меѓународни препораки и стандарди“.
Невремето, кое веќе ги погоди Словенија, Хрватска и Србија, стигна и до Црна Гора, предизвикувајќи сериозни штети.
Според белградски медиуми, М.Д., на социјалните мрежи го величал Милош Жујовиќ, напаѓачот врз жандармот и му признал на обвинителот дека објавите се негови и дека ја поддржува ИД.
Пожарникарите од Бугарија од вторникот се во Солун, а на 15 јули ќе пристигнат и нивните колеги од Малта и Молдавија.
Ги разгледавме севкупните билатерални односи меѓу Србија и Руската Федерација и ги оценивме како многу добри, напиша Вучиќ во описот на фотографијата со Грушко на својот Инстаграм профил.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, според веб-страницита на РАСФФ дозволената количината на овој микотоксин е 1000 µg/kg - ppb (илјада микрограми на килограм).
Ветерот корнеше и уриваше дрвја низ цела Црна Гора, уништуваше опрема на плажите на приморјето, оштетуваше возила, а поради силниот дожд улиците беа поплавени и настанаа порои.
Се додава дека е проблематично што законските предлози произлезени од пресудата на Уставниот суд, Националниот развоен план и владината програма за 2021-2025 година не биле вклучени во законодавната програма.
Летовите од аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина се одвиваат по планираниот редослед откако надлежните служби утврдиле дека заканата за бомба била лажна, соопштено е денеска.
Европската комисија го одобри барањето на Бугарија да му додели на јавното претпријатие „Бугарски пошти“ помош од државата за реструктуирање во износ до 25,51 милиони евра (50 милиони лева), јави дописникот на МИА од Брисел.