Ципрас: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент
Климата што се создава во грчкото општество е дека Договорот од Преспа е во корист на земјата и покрај несогласувањата што постојат и ќе го добие потребното мнозинство во грчкиот Парламент, вели премиерот на Грција, Алексис Ципрас, во интервју за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина.